Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 28.10.2026 во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово ги лишија од слобода А.А.(32) од село Чалакли, валандовско и С.С.И.(34) од село Ѓопчели, валандовско. Врз основа на судска наредба биле извршени претреси на домот на А.А. во Валандово и патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на С.С.И., а кое го користел А.А., при што во возилото била пронајдена бела прашкаста материја.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност