На 12.10.2026 во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како и при личен претрес на Љ.Ѓ., биле пронајдени и одземени пакувања со хероин и кокаин, две дигитални ваги и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.