На 06.09.2025 во 20:55 часот во Скопје, во стан на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.С. (42) и К.В.(31), двајцата од Скопје. При претрес на стан кој го користи Г.С., по добиена судска наредба, а во кој била затекната и К.В., биле пронајдени и одземени две таблети, марихуана, грутчеста материја, сад во кој имало две грутки бела материја, дигитална вага и други предмети.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.