Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Скопје, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Претрес во Скопје, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 22.04.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(39) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, со судска наредба, биле пронајдени и одземени: 165 куршуми, 56 ловни патрони, една кутија со каписли, осум кеси олово во зрно различна големина, две кеси и две шишенца со барут, 32 патрони, разновиден алат за полнење на муниција, една кутија со 12 кугли за патрони, една кеса со бела грутчеста материја и една кеса со прашкаста материја. Покрај тоа, Д.Л. од својата викенд куќа во с.Морани, скопско, доброволно предал два ловни карабини, 58 ловни патрони, шест куршуми долго зрно и 50 куршуми кратко зрно. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.215 и 396 од КЗ.

 

Мени за пристапност