Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и куршуми, лишено од слобода едно лице

Претрес во Скопје, пронајдени пиштол и куршуми, лишено од слобода едно лице

На 05.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници го лишија од слобода Љ.С.(52) од Скопје. При извршен претрес, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ со две рамки и куршуми.

Лицето е задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мени за пристапност