На 28.01.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(34) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходна судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.