Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово за безбеден сообраќај и заштита од кражби и измами

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово за безбеден сообраќај и заштита од кражби и измами

Денеска (28.01.2026) полициски службеници од СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Штип на повеќе локации во Скопје, Тетово, Берово, Делчево и Кочани реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот. 
На граѓаните низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година. Исто така, на возачите им беше укажано на штетните последици што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол и доколку се користи мобилен телефон за време на управувањето со возилото, како и за законската обврска за користење на сигурносен појас и фактите дека користењето појас во голем процент ги намалува последиците при евентуална сообраќајна несреќа. Беше потенцирана и потребата од почитување на правилата и од страна на пешаците, а на граѓаните им беше укажано и на санкциите кои се предвидени за непочитување на законите.

Полициски службеници од ОВР Делчево, пак, спроведоа превентивно- едукативни активности за заштита од имотни деликти. Во непосредна комуникација со граѓаните во Делчево, особено со повозрасната популација, полициските службеници им даваа корисни совети на граѓаните како да се заштитат себе и своите домови од кражби, провални кражби и измами и потребата секој сомнителен случај да го пријават во полиција.

Мени за пристапност