Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

На 09.10.2025 околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко. При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С. 
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност