Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Стојаково, пронајдени стебла канабис, лишено е од слобода едно лице

Претрес во Стојаково, пронајдени стебла канабис, лишено е од слобода едно лице

На 10.10.2025 во 11:40 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Ф.(43) од село Стојаково. Со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што во близина на домот полициските службеници пронашле исечени стебла од растението канабис. По преземени мерки утврдена е и локацијата од каде се исечени истите, каде биле пронајдени и предмети за нивно одгледување. С.Ф. е задржан во Полициската станица Гевгелија и во службен разговор го признал делото.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност