Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.05.2026 во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода  Б.Н.(35) од Охрид. При претрес во неговиот дом во Охрид и во неговото возило, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност