Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во неготинско, пронајдена дрога и пари, лишено од слобода едно лице

Претрес во неготинско, пронајдена дрога и пари, лишено од слобода едно лице

 

На 16.10.2026 во 12:30 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.С.(60) со престој во село Војшанци, неготинско.

При претрес во домот, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени одземени марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети.

 Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност