Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 17.12..2025 во 13:50 часот во Кичево,  полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба,  пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. 
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност