Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Прилеп, затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач во Прилеп, затоа што управувал возило под дејство на алкохол

 

На 17.12.2025 во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода Р.Г. (49) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.  По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

Мени за пристапност