Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Кавадарци и Битола, управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Кавадарци предизвикал и сообраќајна незгода

Лишени од слобода возачи во Кавадарци и Битола, управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Кавадарци предизвикал и сообраќајна незгода

 

На 17.12.2025 во 20:05 часот на крстосница од ул.„Народен Фронт“ и ул.„Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од Кавадарци. Претходно, тој со  патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрило во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го  управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта. 
На 17.12.2025 во 12:21 часот на ул.„Славко Лумбарко“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Н.(43) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Мени за пристапност