Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во гостиварско, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

Претрес во гостиварско, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

На 10.06.2026 во 21:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода А.М.(19) од село Паталиште и А.Т.(23) од село Трново, гостиварско, затоа што при преглед кај нив, кај А.М. била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на А.Т.(23) во село Долна Бањица, гостиварско, како и преглед во неговото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихауна. По целосно документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност