Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

 

На 09.02.2026 во 15:30 часот на ул.„Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар. При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност