Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во автокамп во Охрид, лишен од слобода скопјанец, пронајдена дрога

Претрес во автокамп во Охрид, лишен од слобода скопјанец, пронајдена дрога

На 04.09.2026 во 23.45 часот, во автокамп на брегот на Охридското езеро во Охрид, лишен од слобода е Л.Д.(44) од Скопје. При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност