Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Посебен сообраќаен режим во Струга

Посебен сообраќаен режим во Струга

ОВР Струга ги известува граѓаните на Струга дека во сабота и недела (20-21.09.2025) по повод верскиот празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ кој се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга ќе воведе посебен режим на сообраќаен режим.

Утре, сабота (20.09.2025) од 18 часот се  до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за  влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга - Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот а за излез од манастирот кон Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208, Радожда-Струга преку селото Калишта.

Истиот режим на сообраќај ќе биде и на ден 21.09.2025 (недела), со почеток од 08 часот наутро, се до завршување на церемонијата во попладневните часови. Со цел, непречено одвивање на сообраќајот во овие околности, апелираме до верниците да го почитуваат сообраќајниот режим и насоките на полициските службеници.

Мени за пристапност