Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога

Лишен од слобода германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога

 На 19.09.2025 во 05:50 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.Т.(39) од Германија, кој управувал патничко возило „рено клио“ со германски национални ознаки.

 При извршена гранична проверка и при извршен преглед во личниот багаж, кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана.

 Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност