Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

На 20.06.2026 (сабота) поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

 Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Мени за пристапност