Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, три лица лишени од слобода

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, три лица лишени од слобода

На 19.06.2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.З. (27) и А.З. (23), двајцата од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При преземање на службени дејствија, кај Б.З. била пронајдена бела прашкаста материја. Потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и подрумските простории, при што била пронајдена марихуана.

Трите лица се задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност