Поради утрешното одбележување на националниот празник 2-ри Август, Илинден, утре во Скопје во централното градско подрачје („мал ринг“) во периодот од 09:00 часот па се до завршување на предвидените настани, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во тој дел од градот, односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред и околу зградата на Собранието на РСМ и тоа:
од крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „11-ти Октомври“ до крстосницата меѓу улиците „Димитрие Чуповски“ со „Даме Груев“ и од крстосницата на улица „Македонија“ со улица „Даме Груев“ до крстосницата на улица „Филип Втори Македонски“ со улица „Кеј 13-ти Ноември“.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.