Утре (03.10.2026) во 09:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, ќе се одржи Централен меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 година, под покровителство на Министерството за внатрешни работи.
Кратки обраќања ќе имаат директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот.