Утре (четврток, 20.11.2025) во 13.00ч во просториите на СВР Битола, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени ќе присуствува на пуштање во употреба на соба за работа со деца во рамки на програмата„ Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“. На настанот ќе присуствуваат и амбасадорот на Шведска во Македонија Ола Солнстром и Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ги покануваме медиумите да го проследат настанот.