Утре (09.07.2026) во 10:00 часот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генералниот секретар на Интерпол Валдеси Уркиза кој е во посета на Република Северна Македонија, ќе ја посетат Полициската академија на МВР во Идризово, каде ќе имаат поздравно обраќање пред кадетите на полициската академија и раководството на Министерството.
Според агендата на планирани активности на високиот гостин, не се предвидени прашања.
Ги покануваме медиумите да го проследат настанот.