Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Денеска (07.07.2026) во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше спроведена кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”.

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Северна Македонија. Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беше поделен превентивно-едукативен материјал, со совети кон возачите за безбедно патување.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност