Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, лишени од слобода четири лица, а со едно извршен службен разговор

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, лишени од слобода четири лица, а со едно извршен службен разговор

На 21.04.2026 во 08:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.П.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.04.2026 околу 22:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна поранешна сопруга и нивната малолетна ќерка, а искршил и дел од покуќнината.

На 22.04.2026 во 02:20 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(43), постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна 41-годишна сопруга. При преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили алкохол во крвта.

На 21.04.2026 во СВР Охрид е извршен службен разговор со С.С.(67) од општина Дебарца, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.04.2026, после кратка расправија во семејниот дом, упатувал закани на неговата сопруга.

На 21.04.2026 во 21:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ј.(35) од кумановско, затоа што во повеќе наврати психички и физички ја малтретирал неговата поранешна 35-годишна партнерка од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица.

На 21.04.2026 во 13:10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.А.(50) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 19-годишна внука од брат и на нејзиното семејство. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност