Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пет лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие

Пет лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие

На 24.06.2026 во 08:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.П.(48) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна поранешна партнерка дека на 23.06.2026 околу 23:00 часот во двор од нејзината семејна куќа, по кратка расправија, физички ја нападнал. Според пријавеното, тој подолг период психички и физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.

На 23.06.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас од слобода го лишија Ф.Р.(45) од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал неговата сестра.

На 24.06.2026 во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, постапувајќи по пријава дека ја држел во неговиот дом неговата 18-годишна партнерка од село во виничко, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

На 23.06.2026 во 18:30 часот на ул.„108“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода П.А.(36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 - годишен татко дека во дворот од семејната куќа агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и упатил закани кон него и неговата сопруга.

На 23.06.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода М.С.(19) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на изминатиот период во повеќе наврати ја следел, вознемирувал и упатувал закани кон неговата 18-годишна поранешна девојка. Тој бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност