Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода скопјанец во Крива Паланка, се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, следува пријава

Лишен од слобода скопјанец во Крива Паланка, се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, следува пријава

На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом. 
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност