Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за градоначалник и претседавач на општински совет за „злоупотреба на службена положба и овластување“

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава за градоначалник и претседавач на општински совет за „злоупотреба на службена положба и овластување“

ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци денеска (04.09.) поднесе кривична пријава  против С.Н.(28), градоначалник на општината Росоман и Р.Ј. (61), претседател на Совет на општината Росоман, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ согласно член 353 ст.1 од КЗ на РСМ.  На седница на Совет на општината, одржана на 28.02. годинава било утврдено дека  Програма за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, којашто била изгласана на седница на општинскиот совет на 30.01.2023 година со 39 точки, и без потпис на претседателот на Советот на општината, била изменета односно била допишана уште една точка 40 – та по ред и истата била потпишана од страна на претседателот на Совет на општина Росоман. Практично со тоа двајцата пријавени овозможиле преку спорната 40-та точка Урбанистички проект за производство на асфалт за катастерска општина „Манастирец“, да биде впишана во Програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, без одобрение и гласање од страна на Советниците на општина Росоман.

Исто така ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе уште една кривична пријава против С.Н.(28) од Росоман и тоа поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело  „Бесправно градење “ (чл.244-а ст.1 од КЗ на РСМ). Пријавениот во својство на градоначалник на Општина Росоман, дозволил без Решение за реконструкција, односно Одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти спротивно на одредбите од Законот за градење и без Основен проект - фаза градежништво - да се отпочне со реконструкција, поточно промена на сообраќајниот режим на влез во Росоман без соодветна документација.

Мени за пристапност