Денеска (03.09.2025) во Битола, помошник директорот на Одделот за криминалистичка полиција Илија Чалшев Менис и началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал Филип Филиповски присуствуваа на промоцијата на Протоколот за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, под покровителство на ОБСЕ.
Донесувањето на овој документ е од суштинско значење за соработката помеѓу двете институции во начинот на водење на кривичната постапка, а поддршката од ОБСЕ е доволен показател дека сме на прав пат кон втемелување на европските вредности и практики за владеење на правото и водењето на кривичната постапка од сите аспекти.
„Она што е важно е дека и најдобро срочениот документ, останува само архивирано парче хартија, доколку не се имплементира доследно од сите чинители. Независно од протоколот, иднината на криминалистичкото работење е во воведување на целосна дигитализација, развивање заеднички дигитални платформи со ЈО, а во крајна фаза и судовите“, кажа меѓудругото помошник директорот Чалшев Менис.
Тој потенцира дека МВР останува посветено во борбата против сите сфери на криминалот, унапредувајќи ги и користејќи ги европските и светските практики за ефикасна борба против класичниот и организиран криминал.