Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW).
Оваа задолжителна обука се однесува за лица кои имаат 23 години возраст и поседуваат минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, не помлади. За помладите од 23 години и без 5 години „Б“ категорија си важи обврската да полагаат за А категорија.
Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.
По комплетирањето на часовите, автошколата издава официјална потврда (Образец во А5 формат) и го известува МВР, каде ќе се води евиденција за сите издадени потврди врз основа на податоците добиени директно од автошколите.
Изречно напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125см3 доколу не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.