Денеска (26.05.2026) на место викано „Рамно“, како и на патот за с. Брест и Горна Брана – Глажња, с. Липково, полициски службеници од ПСГН Танушевци и ПСГН Белановце реализираа превентивни активности за спречување на пожари и незаконска сеча на дрва.
Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва и предизвикувањето пожари се кривични дела, кои соодветно законски се санкционираат.
Доколку пак забележат бесправна сеча или пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Во ООУ „Блаже Конески“ во Велес, во организација на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција при СВР Велес, беше реализирана едукативна активност со учениците, при што тие беа запознаени со професијата полициски службеник, а особено со работата на сообраќајната полиција и сообраќајните правила за малите пешаци. Исто така, децата имаа можност да видат дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во секојдневното полициско постапување.
Исто така и полициски службеници од ОВР Кавадарци, во Паркот на револуцијата во Кавадарци, реализирааа „Отворен ден со полицијата“, на кој присуствуваа околу 190 дечиња од детската градинка „Рада Поцева“ Кавадарци, кои исто така имаа можност да видат дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во секојдневното полициско постапување, а воедно беа запознаени и со работењето на полицискиот службеник.
Едукативно предавање за безбеден сообраќај реализираа и полициски службеници од ПС БПС Кочани во ОУ „Кирил и Методиј“ во Кочани, а полициски службеници од ПС БПС Штип реализираа превентивна активност насочена кон правилното паркирање.