Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МВР продолжува со проектот „Одговорно слави го успехот“ - со пораки за безбедна иднина и одговорни одлуки продолжуваат средбите со матурантите

МВР продолжува со проектот „Одговорно слави го успехот“ - со пораки за безбедна иднина и одговорни одлуки продолжуваат средбите со матурантите

Продолжувајќи ја успешната реализација на проектот „Одговорно слави го успехот“, Секторот за полициски работи од општа надлежност, отсеците за превенција, Одделението за полиција и Одделението за криминалистичка полиција и понатаму активно работат со матурантите, испраќајќи силна порака за одговорност, зрелост и правилни животни избори. 

Проектот предизвикува исклучително позитивни реакции кај младите, кои со благодарност ја прифаќаат поддршката и вниманието од страна на македонската полиција. Особено значајно за нив е што токму во моментите кога го прославуваат својот успех, добиваат искрена порака дека вистинските вредности – почитта, одговорноста, достоинството и грижата за другите – се најголемата потврда за зрелоста на еден млад човек.

Со симболичен подарок и мотивирачка порака, полициските службеници ги охрабруваат матурантите безбедно да го прослават својот успех, да веруваат во себе и храбро да чекорат кон својата иднина, носејќи правилни одлуки за себе, за своите семејства и за општеството.

Пораката на проектот останува јасна и силна – успехот е највреден тогаш кога се слави одговорно, а иднината е најсигурна кога младите избираат пат исполнет со вредности, знаење и човечност.

 

Мени за пристапност