Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде марихуана кај 23-годишен државјанин на Унгарија

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде марихуана кај 23-годишен државјанин на Унгарија

 

Вчера (19.09.2026), мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, извршил контрола над 23-годишен државјанин на Унгарија.

Во 20:45 часот, во близина на автокамп „Треска“ во село Радожда, при извршениот преглед кај П.А.Л.(23) била пронајдена марихуана.

За настанот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и судија на претходна постапка од Основниот суд Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност