Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за внатрешни работи Тошковски на Радио Лидер: 33 помалку жртви во сообраќајот за 9 месеци оваа година споредбено со минатата, за 19% намален бројот на повредени лица, убеден сум дека за многу кратко време можеме да бидеме пример во Европа

Министерот за внатрешни работи Тошковски на Радио Лидер: 33 помалку жртви во сообраќајот за 9 месеци оваа година споредбено со минатата, за 19% намален бројот на повредени лица, убеден сум дека за многу кратко време можеме да бидеме пример во Европа

 

Во денешното (01.10.2026) гостување министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Радио Лидер искажа благодарност до македонските граѓани заради покажаното европско однесување, па дури и поевропски и од самите европјани во одредени делови, заради постигнатите резултати во делот на воспоставениот систем Безбеден град.  

„Ако лани сме имале 110 жртви за 9 месеци, оваа година за истиот период имаме 33 помалку. Тоа е фрапантен резултат, фрапантна бројка. Околу 30% имаме зачувано човечки животи и навистина, повторно им се благодарам на сите учесници во сообраќајот, а тоа во најголем дел се сите македонски граѓани, затоа што, нели, низ Македонија транзитираат и добар дел странците, но во најголем дел се македонските граѓани. И не е само бројката на човечки животи којашто е спасена. Имаме отприлика негде околу 18,5–19% намален број на повредени лица во споредба со претходната година за истиот временски период. Намалена е материјална штета исто така и негде околу над 30% исто така намален број на сообраќајни незгоди со настрадани лица, со повредени лица. Тоа се фрапантни бројки, неспоредливи“, дециден беше министерот Тошковски. 

Министерот за внатрешни работи посочи пример, имајќи ги предвид анализите кои се направени од независноста на Македонија па до денес, дека најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди имаме во 2001 година за време на конфликтот, кога не се возело. 

„Втора најмала бројка е 2021 година, короната, повторно кога не се возело. Тогаш вкупната бројка на загинати е 116 луѓе. Инаку, имаме во овие 35 години бројка од 198 лица коишто годишно загинале низ патиштата во Македонија. Страшно полоши сме од европските бројки. Ако кај нас просек би било негде околу 80-тина жртви по милион жители, во Европа тој број е негде околу 40. Но ако вака продолжиме и со имплементирање на проектот Безбеден град и со имплементирање на сите оние паметни технологии коишто планираме да ги имплементираме во иднина над целата територија на државата, убеден сум дека за многу кратко време можеме да бидеме пример во Европа како сите заедно сме успеале да спасиме еден човечки живот плус, во многу подобри размери него било која друга држава во Европа за толку краток временски период“, посочи министерот Тошковски, искажувајќи уште еднаш благодарност на сите македонски граѓани коишто учествуваат во сообраќајот, заради тоа што тие се тие коишто ја менуваат сообраќајната култура и тие се тие коишто спасуваат човечки животи.

Мени за пристапност