Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид ги отвори 23. Синдикални спортски игри организирани од Македонскиот полициски синдикат.
„Овие игри претставуваат меѓународен спортски собир на кој полициски синдикати од 15 држави од регионот и Европа ќе се натпреваруваат во седум спортски дисциплини.
Негувањето на спортското натпреварување, другарството и меѓусебното почитување се особено важни за професијата полициски службеник, професија што бара посветеност, одговорност и постојана соработка со колегите од земјата и странство.“, подвлече министерот Тошковски на отворањето на игрите.
Министерот Тошковски на сите учесници им посака успешно натпреварување, многу дружење и пријатен престој во македонскиот бисер Охрид.