Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол, следува пријава 

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол, следува пријава 

 

На 14.01.2026 во 13:06 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Г.К.(46) од с.Јосифово. При сообраќајна контрола во с.Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта. 
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност