Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишено од слобода лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот, следува пријава

Лишено од слобода лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот, следува пријава

На  15.03.2026 во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва. Пожарот бил изгаснат од екипа на  Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.

Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност