Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишено од слобода лице барано со централна потерница, во бегство од 2024 година

Лишено од слобода лице барано со централна потерница, во бегство од 2024 година

Денеска (16.09.2026), од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, околу 05:30 часот, во село Арачиново, лишен од слобода е С.И.(44) од Скопје. С.И. се барал по централна потерница поради сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од Кривичниот законик, за кое е осуден на казна затвор во траење од пет години.

Лицето било во бегство од 2024 година. Истиот е предаден во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.

Мени за пристапност