Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Велес, Куманово, Македонска Каменица, Струга и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Велес, Куманово, Македонска Каменица, Струга и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 27.12.2025 во 19:27 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Д.(63) од Велес. При сообраќајна контрола на ул.„АСНОМ“ во Велес е сопрено патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,60 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 01:25 часот во Куманово,  полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(38) од село Четирце, кумановско. При сообраќајна  контрола на ул.„Доне Божинов“ во Куманово  е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 00:00 часот во Мaкедонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Д.С.(30) од  Македонска Каменица. При сообраќајна  контрола на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од истиот град , кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 01:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода О.В.(44) од с.Ташмаруништа, струшко. При сообраќајна  контрола на регионален пат на место викано „Кореа“ е сопрено патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 03:30 часот во Прилеп,  полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишија од слобода И.Н.(34) од Прилеп. При сообраќајна  контрола на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,65 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност