Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СВР Велес со новогодишни пакетчиња за најмладите и превентивни активности во Штип, Тетово и на Граничниот премин Делчево за безбеден сообраќај и спречување на употребата на пиротехнички средства

СВР Велес со новогодишни пакетчиња за најмладите и превентивни активности во Штип, Тетово и на Граничниот премин Делчево за безбеден сообраќај и спречување на употребата на пиротехнички средства

Денеска (27.12.2025), полициските службеници од СВР Велес беа домаќини на најмладите жители на Велес. Децата беа изненадени со доаѓањето на Дедо Мраз, кој им подари новогодишни пакетчиња обезбедени од вработените во СВР Велес во соработка со општествено одговорна компанија од градот. Средбата со полициските службеници, децата ја искористија и за да постават прашања поврзани за професијата полициски службеник, а споделија и дел од она што тие го научиле претходно. Во рамки на денешната активност беше посетено и детското одделение при ЈЗУ Општа болница Велес, каде на дечињата кои во моментов се лекуваат, им беа подарени новогодишни пакетчиња со желби за добро здравје и безгрижно детство.

 

Исто така, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на неколку локации во Велес  реализираа превентивно едукативни активности на темите „Слави со срце, не со оружје, „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“ и „Алкохол и воланот не се добар пар“. Во рамки на активностите, на граѓаните им беше укажано за опасностите од употребата на пиротехнички средства, можните последици и казнените одредби кои се предвидени. На возачите пак, им беше потенцирано за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи со цел зачувување на личната и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот.

 

Исто така, денеска на повеќе локации во централното градско подрачје во Штип, од страна на Отсекот за превенција Штип во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај во Штип беа реализирани едукативни кампањи под мотото „Алкохолот и воланот не се добар пар - Ако пиеш не вози“ и „Вози одговорно, секој живот е важен“. Притоа, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина. Превентивна активност на истите теми, како и за  темите „Кажи НЕ за пиротехничките средства“ и „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“ беше реализирана и на граничниот премин Делчево. И за време на овиаа активност на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина.

 

Додека, на 26.12.2026 во пет тетовски општински средни училишта ,,Никола Птејн", ,,8 Септември", ,,Моша Пијаде", ,,7 Март"  и ,,Тодор Скалоски-Тетоец" заедно со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје и Црвен Крст Тетово беа одржани стручни предавања и презентации на кои беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, пред се од повреди на рацете, очите и другите екстремитети. Додека, екипите од Црвен крст симулираа практични вежби при давање на прва помош при случаи за настанување на повреди при употреба на пиротехнички средства. Покрај ова, учениците беа информирани и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства на јавни места.

Мени за пристапност