Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во струшко, Македонска Каменица, Велес, Кавадарци и општина Старо Нагоричане, управувале возило под дејство на алкхол и со брзина поголемна од пропишаната

Лишени од слобода возачи во струшко, Македонска Каменица, Велес, Кавадарци и општина Старо Нагоричане, управувале возило под дејство на алкхол и со брзина поголемна од пропишаната

На 15.11.2025 во 03:45 часот во с.Подгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај  Струга го лишија од слобода Т.С.(39) од с.Оровник, охридско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Т.С., и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.

На 14.11.2025 во 15:54 часот во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово - Полициска канцеларија Старо Нагоричане го лишија од слобода Н.А.(52) од с.Старо Нагоричане. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.А., и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта.

На 14.11.2025 во 22:00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишија од слобода Б.П.(55) од   с.Дулица –општина Макдонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „цитроен“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица,, кое го управувал Б.П, и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,87 промили алкохол во крвта.

На 14.11.2025 во 08:12 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ј.(24) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

На 15.11.2025 во 00:20 часот на улица „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.А.(24) од Кавадарци. При контрола  на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген транспортер“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое тој го управувал, и при преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност