Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одреден притвор за насилник кој со нож нападна малолетник во Скопје

Одреден притвор за насилник кој со нож нападна малолетник во Скопје

 

СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил кривичното дело. 

Обезбедени се и дополнителни докази во врска со стореното кривично дело, а по консултација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по член 201- а, по што од судија за претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Мени за пристапност