Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Струга и кавадаречко, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи

Лишени од слобода возачи во Струга и кавадаречко, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи

На 29.01.2026 во 07:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ј.(29) од село Глишиќ, кавадаречко. Претходно, на регионалниот пат Неготино-Кавадарци, тој со патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, излетал надвор од коловозот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. 

На 28.01.2026 во 18:20 часот на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М.(36) од Струга. Претходно, тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(23) од с.Франгово, струшко. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека И.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. 

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Мени за пристапност