Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Прилеп и Кичево, управувале возила под дејство на алкохол, кичевецот предизвикал и сообраќајна несреќа

Лишени од слобода возачи во Прилеп и Кичево, управувале возила под дејство на алкохол, кичевецот предизвикал и сообраќајна несреќа

На 22.09.2025 во 19:30 часот на ул. „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Ѓ.(61) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со прилепски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Б.Ѓ. возел под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,35 промили алкохол во крвта.

 

На 22.09.2025 во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на железничката станица во Кичево од слобода го лишија М.З.(28) од кичевското село Стрелци. При вршење на увид на претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал М.З. со неговото патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, било констатирано дека тој возел под дејство на алкохол, односно имал 1,86 промили алкохол во крвта. По документирање на настаните ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.

Мени за пристапност