Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Кавадарци и Делчево, затоа што го управувале возила под дејство на алкохол, делчевецот немал ни возачка дозвола

Лишени од слобода возачи во Кавадарци и Делчево, затоа што го управувале возила под дејство на алкохол, делчевецот немал ни возачка дозвола

На 07.02.2026 во 23:50 часот, на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода С.К.(42) од село Марена, кавадаречко. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.К., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. 

На 08.02.2026 во 01:31 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево  го лишија од слобода Б.Г.(19) од Делчево. При контрола во сообраќајот на ул.„Светозар Марковиќ“ во Делчево, полициски службеници запреле мотоцикл, управуван од Б.Г. и по извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,81 промили алкохол во крвта. Покрај тоа, констатирано е дека не поседува возачка дозвола.

Лицата се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност