Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода малолетник поради безобѕирно управување возило, извршен преглед во 25 возила, акциска контрола на СВР Скопје

Лишен од слобода малолетник поради безобѕирно управување возило, извршен преглед во 25 возила, акциска контрола на СВР Скопје

Денеска (07.02.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, беше спроведена зајакната акциска контрола, при што лишен од слобода е малолетник поради сторено кривично дело по член 297а  од Кривичниот законик, безобѕирно управување со возило. 
При преглед на патничко возило управувано од Н.А.(19) пронајден е нож со што е констатиран прекршок по Закон за оружје. 

Исто така, за време на акцијата беше одземено едно патничко возило поради измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци, една санкција беше изречена поради управување на возило без положен возачки испит, една мерка за преминување во спротивна лента на движење. За време на акцијата извршена е контрола на 40 патнички возила, легитимирани се 27 лица и извршен беше преглед на 25 возила.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност