Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Битола и Куманово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Битола и Куманово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 14.09.2025 во 03:40 часот на улица „Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.С.(38) од Неготино. При контрола  на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.

На 13.09.2025 во 16:22 часот на регионалниот пат Битола – Тополчани, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола  запреле патничко возило „шевролет матиз“ со битолски регистaрски ознаки, кое го управувал З.Р.(51) од с.Беранци, битолско, при што констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,97 промили алкохол во крвта.

На 13.09.2025 во 09:42 часот на регионалниот пат Битола- Маково,  на мост на Црна Река, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола запреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регисатрски ознаки, кое го управува П.Т.(42) од Битола, при што констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,,57 промили алкохол во крвта.

На 13.09.2025 во 23:17 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Д.(50) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници на улица „Народна револуција" во Куманово запреле патничко возило „пежо“, управувано од Н.Д. и по извршено алкотестирање констатирано едека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,11 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност