На 16.11.2025 во 08:30 часот на експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.Ѓ.(36) од Крива Паланка. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
На 16.11.2025 во 22:35 часот на ул.„Индустриска“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Д.(40) од Македонска Каменица. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки македонска каменица, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта.
На 16.11.2025 околу 16:00 часот на автопатот Штип-Скопје, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.Ј.(48) од Скопје. Претходно, тој со патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,95 промили алкохол во крвта.
На 16.11.2025 во 14:44 часот на крстосница од бул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час, односно 74 километри на час повеќе од дозволеното.
На 16.11.2025 во 11:55 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.К.(24) од Албанија. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки со брзина од 161 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
На 16.11.2025 во 13:30 часот на патот Тетово-Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.С.(34) од Охрид. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 154 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.